Aрсовски: Ќе ја потсетиме Антикорупциската комисија за криминалите на Заеви

Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ  ќе ја потсетиме Антикорупциската комисија на неколку случаеви и ќе апелираме за дополнително отворање на истите  случаеви и нивни истраги, за се со цел да се дознае вистината и нивните разрешници.

Ние ги поддржуваме и охрабруваме антикорупционерите, целата Антикорупциска комисија   да стават крај на корупцијата во нашата држава, но и во владата и буквално да бидат прочешлани сите политички чинители  во Република Македонија, за конечно во Република Македонија да се стави рез и во иднина да може да се почне од почеток.

Јавноста и граѓаните освен паушални одговори изминатиот период од Владата и нивните функционери, се уште немаат вистински одговор и не ја знаат целосната вистина за следниве неколку случаеви кои што ќе ги споменам денеска.

Зоран Заев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра за случајот Глобал и се уште јавноста нема одговор со што и колку се стекнаа тој и неговите бизнис партнери кои што беа аболицирани од случајот Глобал каде што е фатен жив во криминал и подоцна како што знаеме сите аболициран.

Граѓаните се уште чекаат разрешница на случајот Цареви Кули, случај кој што го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, каде што Заев практично се потврди дека е виновен преку пресудата на тужбата кон медиумите, која што ја имаше поднесено  кои обелоденија за истиот случај.  Криминал исто така вреден неколку милиони евра.

Граѓаните се уште чекаат разрешница за случајот со земјиштето во старата касарна во Струмица каде што бизнис партнерот на  Зоран Заев и брат му Вице Заев,  Сашо Брндевски, купува земјиште од над  18.000 квадрати за сума од 700.000 евра во време кога Зоран Заев е градоначалник и истото го продава на неговиот брат Вице Заев и фирмата  Тотал Инженеринг, братот на Зоран Заев, Вице Заев го купува  односно  го презема истото земјиште  за само стан од 40-тина квадрати кои што му го дава за замена на Сашо Брндевски. Станот има вредност од само 30-тина илјади евра.  Замислете земјиште од 700.000 евра го добива за стан од 30.000 евра.

Јавноста се уште чека одговор каква е врската на Вице Заев и фирмата Тотал Инженеринг во ископот во РЕК Битола и со каква корист и сума на пари се стекнуваат   Тотал Инженеринг и Вице Заев изминатиот период откако братот негов Зоран Заев е на власт и тоа со превоз и ископ во рудникот РЕК Битола.

Јавноста се уште чека одговор, дали и колку се има стекнато Зоран Заев со пари по примерот на  „едно  евро за Вицето“  додека бил градоначалник, а и сега додека е Премиер. Тоа е пример каде што целата јавност виде како функционира оваа криминогена влада на чело  со Зоран Заев.

Јавноста се уште чека разрешница на случајот за вицепремиерот Кочо Анѓушев кој го објавив пред половина година, каде што по пат на непосредна спогодба Заев, кој што е премиер,  му доделува градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев  МХЕ Тополки од неколку илјади квадрати во местото Дреново, поточно над 7.000 квадрати  додека и двајцата се на високи функции во Владата. Прв и втор човек на владата на Република Македонија.

Јавноста особено е загрижена и ја интересираат фирмите на Заеви во Бугарија Ориент Груп, Гомасидра и Радиша Трејд, кои што ги објавивме кои што се во сопственост на Трајче Заев, неговиот братучед, Вице Заев и останатите како и јавноста чека одговор за фирмата Мегатрон или како и да е на Дамјан Манчевски која се поврзува со Грција, а деновиве можевме да сретнеме како пишуваат интернет медиумите.

Антикорупциската комисија исто така треба и да го испита случајот за вработување на ќерката на пратеничката од СДСМ од Струмица на Гинекологија, тоа е пратеничката Катерина Кузмановска. Дали оваа пратеничка влијаела за  вработувањето на ќерка и, и на кој начин?

Така да очекуваме сите овие случаеви Антикорупциската комисија да отвори предмети, убаво да ги истражи и да ги доведе до самиот крај до разрешница.  Во моментов имаме подготвено документ кој што ќе го оставиме до антикорупционерите, ќе го заведат во архивата по кој ќе може да се водат и да почнат да истражуваат за сите овие случаеви.

 

Прашање новинар: Ќе побарате за секој поединечно да се отвори случај?

Одговор: Апсолутно, секој случај овдека е засебен случај кој што мириса на сериозен криминал и за кој што има и докази дека е сериозен криминал, кој што  е сторен од страна на актуелните функционери на владата.

Треба да знаете
Последни објави