Американски конгресмен го шокираше светот тврдејќи дека Русија тајно воспоставила база за нуклеарно оружје во Венецуела во екот на зголемените тензии во социјалистичката држава, пренесува „Дејли експрес“.
Шоканткото тврдење потсетува на кубанската ракетна криза за време на Студената војна, кога за малку ќе избувнеше нуклеарна војна меѓу Русија и САД поради руските воени бази во Куба.
Републиканскиот конгресмен Марио Дијаз-Баларт го изјавил ова неколку дена откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го задуши обидот за државен удар од лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.
Говорејќи на „Фокс њуз“, Дијаз-Баларт рече дека ако тврдењата се точни, постои ризик од нуклеарна војна во Америка, но не понуди конкретни докази за неговите тврдења. Тој посочи дека во Венецуела веќе има руска, кинеска, иранска војска и припадници на Хезболах кои би можеле да ја искористат земјата како платформа за напад врз САД.
На прашањето дали верува дека Владимир Путин ќе ги нападне САД, Дијаз-Баларт рече:
„Најблиску бевме до нуклеарна војна кога Русите поставија нуклеарни проектили во Куба”.
Карлсон продолжи прашувајќи: „Сакате да кажете дека Русите ќе постават нуклеарни проектили во Венецуела?”
Дијаз-Баларт одговори: „Сакам да кажам дека тие се веќе таму”.
Тој посочи дека тековната криза е отворена врата за Русите и за Кинезите и за другите да ја зголемат својата активност против американскиот национален интерес.
И покрај недостатокот на докази, руската војска приземји бомбардери-носачи на нуклеарно оружје во Венецуела во декември 2018 година, но немаинформации дека тие биле опремени со нуклеарни бомби.
Претходно денес Гваидо изјави дека размислува да побара од САД воена интервенција во земјата. Говорејќи за Би-би-си, тој рече дека ќе ги процени сите опции за соборување на претседателот Николас Мадуро.