Археолози откриле добро сочувана статуа и сандаци, изработени од квалитетен варовник, во новооткриената гробница во една од пирамидите во Гиза, во Египет.
Според проценките, една од најстарите гробници датира од 2500 година пред новата ера.
„Двете лажни врати кои ги пронајдовме внатре се направени од квалитетен материјал. Се верува дека тука се погребани двајца мажи, еден свештеник и едно високо официјално лице“, вели Мустафа Вазири, генералниот секретар од Врховниот совет за антиквитети на Египет.
Во гробницата се наоѓаат статуи и дрвени маски. Натписот покажува дека тука е погребан Бенуи-ка, кој служел како свештеник и судија. Тој бил во служба на неколку фараони. Другиот маж се вика Нви и бил поглавар на цела една област.