Германија ја разгледува можноста за воведување на посебен оддел во рамките на Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани, јавуваат германските медиуми.
,,Досега, многу малку внимание се посветуваше на болестите предизвикани од осаменоста. Една неодамнешна студија покажува дека осаменоста често предизвикува психолошки нарушувања како што се депресија, анксиозност, како и кардиоваскуларни болести”, изјави Карл Лаутербах од Социјалдемократската партија на Германија.
Затоа тој бара, по примерот на Обединетото Кралство, да се воведе посебн оддел во Министерството за здравство кое ќе се занимава со осаменоста и штетата што оваа појава ја нанесува врз општеството. Ваквата идеја ја поддржа и Маркус Вајнберг од ЦДУ / ЦСУ.
”
,,Мора да има повеќе места и програми кои им овозможуваат на осамените луѓе да се вклучат во општествениот живот”, рече Вајнберг.
Welt am Sonntag пишува дека населението на индустријализираните земји се зголемува до тој степен што експертите зборуваат за ,,епидемија на осаменост”.