Откако австрискиот канцелар Себастијан Курц побара промена на Договорот за ЕУ, министерот задолжен за европски прашања Гернот Блимел вели дека официјална Виена ќе биде подготвена да се откаже од „својот“ европски комесар.
„Во принцип тоа ќе ја погоди секоја земја некогаш, ако биде применет предлогот на канцеларот Курц да се намали Европската комисија”, објасни тој во изјавата за австриското радио „Oe1″.
Како што истакна, во тој случај Австрија е подготвена да се откаже од „својот“ комесар.
Тој најави дека канцеларот Курц официјално ќе го претстави својот предлог на следниот самит на ЕУ во Романија.