Диетата ”голем доручек” е се попопуларна. Основниот принцип на оваа диета е за време на најважниот оброк, доручекот, да јадете ‘кралски’ и секој нареден оброк да биде количински се помал, бидејќи поентата на слабеењето не е само во вкупниот број на калории кои ги внесувате во текот на денот, туку и времето во кое калориите ги внесувате.
Доручекот е најважниот оброк во текот на денот, бидејќи уште на самиот почеток на денот на организмот потребна му е поголема количина на енергија. Ако на самиот почеток на денот внесете 600 до 850 калории и тоа пред 9 часот наутро, тие калории буквално ќе бидат сојузници на вашиот метаболизам, ќе ги урамнотежат хормоните и ќе го стимулираат согорувањето на масните наслаги.
За резултатите да бидат видливи, потребно е појадокот да биде богат со протеини и влакна. Доколку правилно, количински ги распоредите оброците во текот на денот, за само еден месец можете да изгубите околу 10 килограми, а притоа да не се откажете од апсолутно ништо.
За оваа диета да биде уште поефикасна, доручкувајте 15 минути по будењето. За само 2 недели организмот потполно ќе се навикне и ќе се будите гладни.
Важно е да запаметите дека за ручек мора да внесете половина од калориите од доручекот, а за вечера половина калории во споредба со ручекот. Обрнете внимание оброците да се базираат првенствено на протеини. Ако со тоа применувате активна и омилена физичка активност, резултатите ќе бидат видливи за само две недели.
Во корист на оваа диета е тоа што долгорочно се одразува на вашиот метаболизам. Па ќе се будите гладни, а калориите ќе се согоруваат сами од себе.