Доделено Признание на Димитров за промовирање и посветеност на евро-атлантските перспективи на државата

Министерот за надворешни работи на Никола Димитров присуствуваше на отворањето на „Европските денови”, во организација на Институтот за меѓународни и политички студии, Скопје. Настанот што оваа година го прославува своето петто издание, со различни активности го одбележува 9 Мај – Денот на Европа, со кој Европската Унија го слави мирот и единството на нашиот континент.

– Министерот Димитров беше одликуван со Признание за особен придонес и посветеност на евро-атлантските перспективи на државата, за што му беше доделена и плакета „Мајка Тереза”. Врачувајќи му го Признанието, организаторот истакна дека тоа е израз на благодарност на македонските граѓани кон Министерот за неговата голема заслуга и за истрајните посветени напори кон остварување на стратешките приоритети и достигнувања на земјата – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Димитров истакна дека Признанието многу му значи, а особено задоволство му причинува што признанието доаѓа токму од цивилниот сектор, како репрезент на граѓаните – обединети околу идејата за Република Северна Македонија како релевантен чинител и партнер во евро-атлантските структури.

– Последниве две години имаме со што да се гордееме, вложивме многу и постигнавме многу. Посебно се гордеам што градиме, создаваме солидарност – да се грижиме едни за други, како што се грижиме за самите себе”, нагласи министерот.

На настанот чиј домаќин беше Општина Чаир, учествуваа и ретседателот на Собранието Талат Џафери, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Илбер Села, директор на Институтот.

На настанот беа доделени и награди во повеќе категории за најдобар студентски есеј посветен на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави