На саемот ќе се промовираат нови изданија на македонски јазик, тројца светски писатели спеецијални гости на штандот на ТРИ
Издавачки центар ТРИ во пресрет на својот 20 годишен јубилеј за Саемот на книгата најавува богата и амбициозна саемска програма со многу нови звучни наслови, гостувања на странски автори, промоции, предавања, разговори, дружења и многу други активности што ќе се случуваат од 8 до 14 мај, во ВИП-арената „Борис Трајковски“ на 31 издание од оваа манифестација.
МНОГУ НОВИ ИЗДАНИЈА
На овогодинешниот саем на книгата ТРИ ќе претстави многу нови изданија кои македоснката чиатателска публика со нетрпение ги очекува. На македонски конечно пристигаат големиот светски бестселер „12 животни правила“ од прочуениот психолог и интелектуалец Џордан Питерсон, последниот роман на Ирвин Јалом „Проблемот Спиноза“, прекрасниот интерактивен водич „Здраво Скопје“, преводи на бестселерите „Коефициент на љубовта“ од Хелен Хоанг, „Несаканиот гостин“ од Шари Лапена, „Начинот на волкот од Волстрит“ од Џордан Белфорд, „Островот Камино“ од Џон Гришам, „Навики за успех“ од големиот Наполеон Хил, а и новите изданија на неколку врвни дела од македонската книжевност – „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски, „Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска-Георгиева, како и „Небеска Тимјановна“, „Дениција“ и „Пиреј“ од великанот Петре М. Андреевски.
Каталогот на ТРИ изобилува со многу квалитетни книжевни новитети за помладата публика – ТРИ на македонски ги носи најуспешниот светски серијал за деца „Дневникот на едно шмокле“ од Џеф Кини, „Која е бојата на бакнежот“ од Росио Бониља, „Градината на китот“ од Тон Телеген, „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман и многу други.
Посебно одушевува разновидноста на изборот на книги од сите жанрови што ќе ги задоволи желбите и аптетитите на секој читател и големите попусти кои се движат помеѓу 20 и 70 %.
ТРОЈЦА СВЕТСКИ ВРВНИ АВТОРИ СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ НА ШТАНДОТ НА ТРИ
Посебно место во саемското претставување ќе имаат тројца прочуени автори што ќе бидат специјални гости на штандот на ТРИ – една од најпопуларните крими-авторки од Шведска, Кристина Улсон, ќе го промовира својот извонреден трилер за млади „Стаклените деца“, унгарската добитничка на Европската награда за литература Едина Сворен ќе ја претстави својата наградена книга „Нема, и нека не ни има“, а за првпат во нашата земја ќе гостува и еден од најпознатите словенечки писатели за деца Винко Модерндорфер, автор на многу популарната книга „Како во филм“.
Гостувањето на тројцата автори се реализира во рамките на проектите „Европски приказни“ односно „Калеидоскоп“ поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и од Министерството за култура на РМ.
БОГАТА ПРОГРАМА СЕКОЈ ДЕН
Агендата што можете да ја погледнете на крајот од саемскиот каталог ги содржи сите настани што се предвидени за време на Саемот. Активностите се поделени во три сегменти: денот почнува со детскиот час кога ќе се промовираат книгите за деца и млади, потоа следува запознај го авторот предвиден во периодот од 12 до 18 часот, а пред завршувањето на секој саемски ден предвидена е книжевна забава на која, покрај убавите книги, ќе има и убава музика и освежување.
Не пропуштајте ја најголемата книжевна манифестација во градот и посебно штандот на ТРИ со најрафинираниот избор на книги од светската и домашната книжевна сцена, поминете време со многу интересни луѓе, уживајте во книжевната оаза што се случува само еднаш во годината!