По повод големиот христијански празник Свети великомаченик Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден кој е патронен празник на Општина Кисела Вода денеска градоначалникот Филип Темелковски, секретарот Александар Алексовски и членот на Советот на Општина Кисела Вода, Зоран Ацевски присуствуваа на утринската света литургија одржана од поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски гг. Стефан во црквата Св. Ѓорѓи.
Прославата на Ѓурѓовден, патрониот празник на Општина Кисела Вода кој традиционално општината секоја година го прославува, во спортската сала „Независна Македонија“ преку изведби на музички и ритмички точки ja збогатија учениците од општинските основни училишта и јавните детски градинки.
Настанот го проследија градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, члeновите на Советот на Општината: Зоран Ацевски, Емилија Трајковска и Дарко Филиповски. Пристуни беа и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.
На настанот во спортската сала медицинска екипа на Црвен крст спроведе акција за бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија околу 50 граѓани.
Локалната самоуправа по 21 – пат го прослави својот патронен и најголем пролетен празник Ѓурѓовден.