Во пресрет на утрешната посета на папата Франциск, контејнерите во поголемиот дел од општина Центар вечерва ќе бидат дислоцирани и ќе бидат вратени на своите места утревечер во 22 часот. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.
„ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје ги информира граѓаните од општината Центар, дека во пресрет на утрешната посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот. Вечерва околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Св.Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кирил и Методиј, како и на Кејот 13 Ноември. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер, 7 мај“. соопштија од јавното претпријатие.