СДСМ: Мицкоски е поразен, причините за поразот на изборите да ги побара кај себе и деструктивните политики

На слободни, фер и демократски избори Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поразени.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и не дозволија нов Иванов, не дозволија нов кочничар туку избраа напредок и заедништво.

Причините за поразот на претседателските и на предвремените локални избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бараат само кај себе, во лошиот начин на којшто се однесуваат кон граѓаните, кон државните интереси, кон напредокот на државата и интеграциите.

На кристално чисти, фер и демократски избори, Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ убедливо загубија.

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ со ралзика од 60 илјади гласови е факт.

Исто како што е факт дека ВМРО-ДПМНЕ загуби и во Ново Село, а загуби и во општина Охрид со близу 4.000 гласови разлика.  Толку за несоодвените споредби на ВМРО-ДПМНЕ.

Накусо, граѓаните  упатија јасна порака дека сакаат државата да продолжи напред, кон ЕУ и НАТО, граѓаните не сакаат враќање назад, блокади, режим….

Единственото точно во денешната прес конференција ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните покажаа дека сакаат промени во претседателскиот кабинет и тие промени се случија. Оттука, наместо да бара алиби за поразот ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за промени внатре, во сопствените редови.

Одлуката на граѓаните е јасна и силна како ден: Република Северна Македонија да продолжи да се гради како демократско општество за сите,земја членка на ЕУ и НАТО, економски силна и напредна.

Треба да знаете
Последни објави