Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва во СЦ „Јане Сандански” издвојуваа убедлива победа од 85-63 (48-36) над вечниот ривал Работнички, во меч од шестата рунда во Суперлигата. За тимот на Марин Докузовски ова беше трет пораз во низа.
„Металците” доминираа на средбата, постојано го зголемуваа водството и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање својата победа.
Иванов со 26 поени беше најдобар кај победникот, додека кај гостите од „Градски Парк” се истакна Костов со 18.
МЗТ е прв на табелата во Суперлигата со скор 22-3, додека Работнички е втор со 20-5.
Во наредното коло МЗТ Скопје ќе му биде домаќин на Кожув, додека Работнички како домаќин ќе се соочи со Куманово. Следното вечно дерби на програмата во Суперлигата ќе биде во рамки на 10 коло, кога центарци се домаќини