Тинејџер управувајќи мопед прегазил 16-годишен пешак и тешко го повредил, вчера вечерта кај кочанското село Тркање.
Според полицијата, сообраајката се случила во 21.45 часот. Мопед „априлија“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал Т.Т.(19) од селото Тркање, и кој на мопедот превезувал и 14-годишно дете, удрил во 16-годишен пешак од истото село.
Од ударот Во незгодата пешакот се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.