Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО, и претседател на Охридската Група упати честитка за успешното спроведување на фер и демократски претседателски избори и изборот на новиот претседател на Република Северна Македонија.
-Брилијантно! Нов Претседател, ново име, нова иднина. Одлична вест за граѓаните на Северна Македонија и за Европа, исто така, вели лордот Џорџ Робертсон во честитката.