Белгиските власти соопштија дека над 30 лица се задржани во притвор во рамки на голема полициска операција, чијашто цел е да се сопре измамата преку интернет во врска со продажба на автомобили.
Канцеларијата на сојузниот обвинител наведува дека речиси 1.200 полицајци, со поддршка на дронови и хеликоптери, извршиле претрес на седум локации во јужниот дел на Белгија, во близина на француската граница.
Во акцијата учествувала и француската жандармерија, пренесе „АП“.
Приведените се сомничат за рекетирање и припадност кон криминални банди.