Годинава по десетти пат во Струга се одржува Ѓурѓовденска литија на која присуствуваат илјадници верници кои ги пречекуваат светите мошти на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона, како и чудотворната икона на Богородица Крнинска. Литијата започна по вечерната богослужба во 17 часот.
Пред присутните прво дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, а молитвената поворка се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.