Жителите на ДНР почнаа да аплицираат за руско државјанство

Сите канцеларии на Миграциската служба на самопрогласената Донетска Народна Република (ДНР) почнаа да добиваат формулари за руско државјанство во согласност со процедурата за брза постапка, вели шефот на Миграциската служба на ДНР, Владимир Красношчека.

„Во 09:00, сите 33 канцеларии на Миграциската служба на ДНР почнаа да добиваат документи од жителите на ДНР кои сакаат да добијат руски пасоши по брза постапка”, рече тој.

На почеток, само канцеларијата на на Миграциската служба на ДНР во Донецк ќе ги прима барањата за државјанство. Процесот почна на 3 мај, а следниот ден, првите 105 барања беа испратени во Ростовскиот регион на Русија за понатамошно разгледување од релевантните руски агенции.

На 24 април, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет кој ги олеснува руските правила за државјанство за жителите на одредени региони на југоисточна Украина.

„Поединци кои постојано живеат во одредени области на регионите Донецк и Луганск во Украина имаат право да аплицираат за руско државјанство по брза постапка”, се вели во декретот.

Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи врз основа на општо прифатените меѓународни закони.

Треба да знаете
Последни објави