Памела Андерсон го посети Асанж во затвор

Американската актерка, Памела Андерсон по посетата на Џилијан Асанж во британскиот затвор, Белмарш, изјави дека одновачот на „Викиликс“ нема фер третман и дека не заслужува да биде во затвор со највисок степен на обезбедување.

Асанж служи казна од 50 недели затворот Белмарш, во југоисточниот дел од Лондон.

Овој затвор го спореди со оној на Куба, во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти.

Холивудската актерка која и претходно го бранеше Асанж изјави пред новинарите дека тој е невин и има нефер третман.

„Одлично е што го видов, но ова е злоупотреба на законот. Апсолутно е шокантно што не може да излезе од својата ќелија“, рече таа.

Асанж е во затвор поради кршење на правото на условна слобода, а САД бараат неговол испорачување поради наводно хакнување на компјутерите на Пентагон.

Треба да знаете
Последни објави