Премиерот Заев му подари на папата Франциск реплика од теракотна икона од Виничко кале

Премиерот Зоран Заев го испрати папата Франциск со покана повторно да ја посети нашата земја и со подарок реплика на теракотна икона од  археолошкиот локалитет Виничко кале.  На иконата е аплициран победничкиот крст на Византискиот император Велики Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година, соопшти владината прес-служба.

Заев во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром учествуваше во свеченото испраќање на неговата светост папата Франциск кој денеска беше во еднодневна, историска посета на нашата земја.

– Папата Франциск, и бројната делегација на Католичката Црква и на Ватикан, ја завршија посетата со богата програмска содржина која вклучи средби со државниот врв на Република Северна Македонија, средба со сиромашни граѓани, со свештениците и верниците на Католичката црква во нашата земја, како и света литургија на која присуствуваа неколку илјади граѓани од земјата, од регионот и од повеќе европски држави, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави