Руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија беше гранатирана од страна на милитантите двапати во текот на денот, но нема пријавени жртви или оштетувања, изјави шефот на рускиот Центар за помирување на опозициските партии во Сирија, Виктор Купчишин, пренесува ТАСС.
„Воздухопловната база на „Хмејмим“ беше гранатирана од повеќе системи за ракетни проектили два пати во текот на денот, утрото и вечерта. Во двата случаи, гранатирањето беше изведено од населбата Завија во зоната за деескалација во Идлиб која е контролирана од терористичката Хајат Тахрир ал-Шам (порано позната како Џабхат ал-Нусра),“ рече тој.
Според Купчишин, биле истрелани вкупно 36 проектили, при што нападот бил воден со помош на беспилотно летало.
„Нападите беа одбиени од системите за противракетна одбрана, а не беа пријавени никакви жртви или оштетувања од базата. Сите напаѓачки точки на милитантите беа откриени и погодени од руски воени авиони и од артилериски единици на сириската армија”, рече тој.
Тој, исто така, рече дека ситуацијата во областа драматично се влошува со зголемен број прекршувања на прекинот на огнот од страна на милитантите кои дејствуваат во зоната за деескалација во Идлиб.