Според британските обложувалниците, кралското бебе ќе го добие името Алберт во спомен на неговиот дедо

Војвотката Меган Маркл (37) вчера, на 6 мај, роди момче во 5:26 часот потврди кралското семејство на својот профил на социјалните мрежи. Момчето е тешко 3.200 грама.

„И двајцата сме апсолутно воодушевени и благодарни на сите што нè поддржуваат. Беше неверојатно и сакавме да го споделиме со вас“ рече принцот Хари (34) и додаде дека сѐ уште не знаат кое име ќе му го дадат на својот син.

Според британските обложувалници повеќето Англичани се обложија на името Алберт чиј коефициент е 1,33, потоа на Артур со коефициент од 2,55, а потоа следуваат Александар, Џејмс, Филип, Луис, Хенри, Фредерик, Томас и Едвард.

Најголема добивка на вложените пари ги очекува оние што уплатиле за имињата Томас и Едвард чиј коефициент е 20.

Името Алберт добро котира на британските обложувалници уште од последната бременост на Кејт Мидлтон (37) и е популарно име во британското кралско семејство. Причината за тоа е што уште од бракот на кралицата Викторија и принцот Алберт во 1840 година, ова име се појавува во секоја генерација на семејството.

Алберт, пак, во превод значи „благороден”, а ако Меган и Хари така го наречат синот, ќе му оддадат почит на починатиот татко на кралицата, Алберт „Берти” Фредерик Артур Џорџ.

Треба да знаете
Последни објави