Властите во Венецуела ја испитуваат смртта на пет лица на антивладините демонстрации на 30 април, изјави државниот јавен обвинител обвинител Тарек Вилијан Сааб, пренесува ТАСС.
„Вкупно 233 лица беа уапсени, пет лица загинаа. Сите овие случаи се под истрага од страна на обвинителството”, изјави Сааб за телевизискиот канал „Веневижн“.
Обвинителството веќе побара налози за апсење на 18 војници и цивили кои учествувал во заговорот за соборување на владата, додавајќи дека се извршени и 17 претреси.
На 30 април, воена група застана на страната на венецуелската опозиција, што доведе до големи антивладини протести во земјата. Десетици лица беа повредени во судирите со безбедносните сили.