(Видео) Австралискиот премиер погоден со јајце во главата

Австралискиот премиер Скот Морисон денес беше погоден со јајце во главата додека една жена беше соборена на земја за време на протестите пред изборите следната недела.

Морисон беше погоден додека зборуваше со граѓаните во градот Олбери. Јајцето притоа не се скрши.

Кога неговите телохранители фатиле 25-годишна жена која фрлала јајца, другата жена била соборена.

Премиерот тогаш рече дека демонстрантката била член на активистичко движење чии членови ги напаѓаат фармите поради суровост кон животните.

Другата жена не е повредена.

Демонстрантката која го гаѓаше премиерот изјави дека фрлањето јајца е „најбезопасно нешто”. Полицијата ја приведе.

Лидерот на опозицијата го осуди протестот како „ужасно и срамно однесување”.

Треба да знаете
Последни објави