Претседателот на Владата, Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциско остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква.
Од Владата велат дека на средбата, уште еднаш била потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.
Владината прес-служба пренесе дека премиерот Заев на средбата порачал дека Апостолската посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолил Папата Франциско да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.
На средбата меѓу премиерот Заев и Папата Франциск, додава Владата, беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.
Папата Франциско го поздравил и семејството на премиерот Заев, кога во завршницата на средбата им се придружиле сопругата на премиерот Заев, Зорица, заедно со ќерката Александра