(Видео) Ливерпул без Салах и Фирмино ја декласираше Барселона за второ финале по ред вово ЛШ

Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите откако ја декласираше Барселона со 4:0 на „Енфилд“ и ја надополни негативата од 3:0 од првиот меч во Шпанија. „Црвените“ вечерва настапија без Салах и Фирмино, но јунаци на домаќините беа Ориги и Вајналдум, кој влезе во второто полувреме и постигна два гола за три минути. Ова е второ финале за Ливерпул во серија, а Брселона исто како и лани пропушти три гола предност во двомечот со Рома.

Ливерпул тргна офанзивно и веќе во седмата минута Ориги го доведе во водство домаќинот. Барселона во продолжението ја презеде контролата врз мечот, но не успеа да искористи ниту дна од неколкуте шанси.

Казната стигна во второто полувреме, а херој на Ливерпул беше играчот што беше најкритикуван на првата средба, Џини Вајналдум. Холанѓанецот влезе во игра на паузата на местото на повредениот Робертсон па потоа во рок од три минути постигна два погодоци, во 54. минута со нога на додавање на Александер Арнолд и вo 56. минута со глава по центаршутот на Шаќири.

Гостите не тргнаа офанзивно кон голот на Ливерпул, па во 79. минута Арнолд го искористи невниманието на фудалерите на Барселона кои не забележаа дека топката е на корнер линијата па веднаш го проигра во празно Ориги, кој од пет метри зголеми на 4:0.

https://streamable.com/zodn6

Треба да знаете
Последни објави