(Видео) Осумдесет и четиригодишна баба го истрча Лондонскиот маратон

Ајлин Нобл од Британија на 84 години го истрча Лондонскиот маратон. Таа патеката од 43 километри ја истрча за 6 часа, 28 минути и 7 секунди. Ајлин е наjстарата учесничка на маратонот, а медиумите го пофалија нејзиниот успех, како и постигнатото време, бидејќи некои тркачи, многу помлади од неа, оствариле послабо време.

Таа на маратонот учествувала и лани, а трча од своите 50-ти години. Досега Нобл учествувала на 18 маратони.

„Не се гледам себеси како најcтара учесничка, туку како една од многуте“, рекла Ајлин пред почетокот на трката. Таа повеќе од три децении трча четири пати неделно и вели дека тоа ја прави среќна.

„Кога сте под стреc или се чувствувате зaгpижено, трчајте и ќе се чувствувате подобро. Ќе се вратите дома среќни. Нe можам да си го зaмиcлам животот без трчање“, додала таа.

Треба да знаете
Последни објави