Возач на „тико“ повреден во судир со „голф“

На 06.05.2019 година во 20.10 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, кај крстосницата за локалниот пат за с.Лешок, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(40) од с.Добарце и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(64) од с.Теарце.

Во незгодата Ш.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави