Со огромна радост ви соопштуваме дека филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на 1 Мај беше отворен за дистрибуција во Франција. По одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа Пирамид се реши во втората недела да зголеми од 72 на 96 кина во кои се прикажува филмот низ цела Франција. На денот на отварањето Петрунија доби одлични критики во француските медиуми, освојувајќи ја Франција.
Престижниот месечен филмски магазин Позитив (Positif) го најави како филм со еден од најубавите женски карактери видени на платно после долго време и го прогласи Петрунија за филм на месецот, оценувајќи го со пет ѕвездички и посветувајќи му шест страни во списанието, вклучувајќи и интервју со режисерката Теона С. Митевска.
Либерасион (Liberation) вели:
https://next.liberation.fr/cinema/2019/04/29/dieu-existe-salades-religieuses-en-macedoine_1724065
Списанието за култура Трансфуж (Transfuge) оценувајќи го филмот со пет ѕвездички вели:
… “Оваа особеност се должи на ликот на Петрунија, интерпретиран од Зорица Нушева, чие што присуство на екранот ја преуредува целата галерија на претставување на женските ликови во кинематографијата.”
Телевизијата ТВ5 вели:
“Жестока и галванизирачка, феминистичка приказна од Северна Македонија која предизвика сензација во годинешната натпреварувачка програма на Берлиналето,” вели во најавата за интервјуто со режисерката, престижниот Полиестер (Le Polyester), специјализиран портал за авторски филмови, кој исто така објави и исклучително позитивна критика за филмот.
Филмот предизвика големо внимание и вон филмскиот печат во Франција, па издвојуваме само некои од многуте восхитувачки осврти.
Магазинот Le journal Le Femmes, за Петрунија вели: “силна феминистичка приказна поддржана од магичната глума на восхитувачката глумица.”
Le Courrier des Balkans во неговиот осврт за филмот вели: “Ви кажуваме трчајте, видете го филмот на Теона С. Митевска, чист драгоцен камен, ги размрдува традициите на една помината епоха!”
По Франција, започнувајки од 8 Мај почнува да се отвара и во киносалите низ Швајцарија, со дистрибутерот Trigon film https://www.trigon-film.org/en/screenings. Теона Стругар Митевска, ќе присустува на 4 премиери во неколку градови во Швајцарија.
Петрунија во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и ќе сврти малку кон Исток почнувајќи од Tirana FF, Albania – http://deafilmfest.al, потоа на фестивал во Романија Transilvania FF, Romania, https://tiff.ro/en, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина каде исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival, Kiev, https://molodist.com/en/.