Двајца навивачи на Работнички повредени во каменувањето на автобусот

На 06.05.2019 година околу 21 часот било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“ лицe фрлилo камен кон автобусот што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“,

При тоа бил скршено прозорско стакло, а Х.Н.(17) и М.Б.(17), двајцата од Скопје биле повредени и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави