Деветто издание на Филозофски филмски фестивал во Кинотека

Филозофското друштво на Македонија годинава го организира 9. Филозофски филмски фестивал, по трет пат со интернационална димензија.

Главната програма на ФФФ ќе се одржи во периодот 9-16 мај, во Кинотека со учество на повеќе домашни и интернационални гости – филозофи, професори, истражувачи и режисери.

Фестивалот институционално е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Градот Скопје.

Соработници на Фестивалот се Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Кинотека, МКЦ Скопје, како и три филмски академии: ЕФТА и ФДУ од Скопје и Филмската академија при УГД Штип.

Во реализацијата на годинешните активности значаен придонес имаат и: Гете-институтот Скопје, Францускиот институт во Скопје и Италијанската амабасада во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави