Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во рамки на неговата прва посета на државава, попладне во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” ќе се сретне со младите.
На екуменската и меѓурелигиска средба ќе може да присуствуваат сите млади од државава и од светот кои претходно се пријавиле и добиле влезница.
Според програмата, потифот денеска ќе се сретне со државниот врв, со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор, по што ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија” во Скопје. Предвидено е папата во Спомен куќата на Света Мајка Тереза да се сретне со лидерите на верските заедници, а попопладне во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” ќе разговара со свештеници од црквата и со нивните семејства.