Меган Маркл се породи во болница што нуди шампањ и јастог за вечера

Иако се зборуваше дека Меган Маркл сака да се породи дома, британските медиуми јавуваат дека војвотката сепак се породила во болницата Портланд во Лондон.

Меган, наводно, пристигнала во породилиштето во неделата доцна вечер и се породила во понеделникот во 5.26 часот. Во таа луксузна лондонска болница се породи и Викторија Бекам, а британските медиуми пишуват дека услугата е врвна.За вечера родилките може да добијат јастог, па дури и шампањ на барање.

Болницата ја водат Американци, а освен Викторија Бекам, услугите на Портланд ги користеа и Лиз Харли, Џулс Оливер … Портланд на новите мајки им нуди услуги на хотел со пет ѕвездички, достапни 24 часа на ден. Во болницата има 36 приватни соби, а цената на „подобрите” апартмани е 1800 фунти.

Исто така, мајките можат да изберат помеѓу неколку марки луксузни креветчиња за своите бебиња, од кои некои чинат 14.000 фунти.

Кога ќе ја напуштат болницата, мајките добиваат пакет со луксузни играчки, уште малку шампањ и купон за бесплатно фотографирање.

Треба да знаете
Последни објави