На судење на секс гуру во САД ќе сведочат „жигосани” жени

Денеска во Њујорк почна судењето на гуруто за самопомош Кит Раниер, кој наводно бил на чело на тајно друштво кое со негови иницијали жигосувало сексуални робови.

На судењето за сексуална трговија се очекува да сведочат жени кои тврдат дека биле приморани да имаат сексуални односи со Раниер.

Тој се изјасни невин и ги негираше обвиненијата, додека пет лица, кои имале раководни позиции во организации на чие чело бил тој, вклучувајќи ја и актерката Алисон Мак, најпозната по серијата Смолвил, ја признаа вината.

Адвокатите на Раниер тврдат дека тој односите со жените ги имал со нивна согласност.

Тој беше уапсен минатата година по американски налог во Мексико, каде избега откако се појавија наводи за тајно друштво во рамките на неговата група, која жигосувала сексуални робови со негови иницијали.

Треба да знаете
Последни објави