САД испраќаат честитки до новоизбраниот претседател Стево Пендаровски за неговата победа на претседателските избори во Северна Македонија, соопшти денеска американскиот Стејт Департмент.
– Ги поздравуваме граѓаните на Северна Македонија кои го остварија своето права да гласаат. Изборите беа мирни и конкурентни, а резултатот ја потврдува вољата на народот. Го поздравуваме и прелиминарниот извештај на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за спроведените избори, се вели во соопштението.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на прес конференција вчера во Скопје оцени дека генерално претседателските избори биле мирни, добро спроведени и со успешна завршница.
Од Стејт департментот додаваат дека САД е силен партнер на Северна Македонија.
– Вашинтон е подготвен да соработува со новоизбраниот претседател Пендаровски, со Владата и со сите политички партии во моментите кога Северна Македонија се подготвува да стане 30. членка на НАТО алијансата и прави напредок како идна членка на ЕУ, се вели во соопштението.