Се загрева атмосферата на плоштадот пред да дојде папата Франциск

Се полни плоштадот со посетители од Македонија и од сите страни на светот, дојдени да ја проследат светата литургија која ќе ја одржи поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

На плоштадот можат да се забележат посетители дури од Конго, а најбројни се оние од Хрватска. Неколкумина од нив запеаја песна на плоштадот правејќи ја атмосферата попријатна.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот се отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот.

Од присутните граѓани од странство најмногубројни се тие од Хрватска, Словенија, САД и од Кина. На плоштадот се присутни и функционери како заменик министерот за економија Kире Наумов, пратеникот Владимир Ѓорчев со семејството, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари…

Гостите од Хрватска пееја „Алелуја“ придружени со гитари. Погледнете ја атмосферата на плоштадот.

Фото: Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави