Скопјанка тепала малолетник на улица

На 06.05.2019 година во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 13 часот на улицата „Иван Цанкар“, К.Ѓ.(50) од Скопје физички нападнала 16-годишен малолетник. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од МВР информираат дека вчера бил претепан уште еден малолетник.

-Во 17.15 часот во СВР Скопје, Г.Т.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден  околу 14. часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави