Странски новинари со оценка за МИА: Историска посета за папата Франциск

Историски посета на папата Франциск на Скопје, е заедничка оценка на новинарите што денеска ја следат неговата посета од прес-центарот во Домот на АРМ.

За Ен Харис од Новинската организација КРАКС во Рим, која првпат е во нашата земја, и заедно со папата Францис пристигна во земјата со неговиот авион, ова е очигледно  историска посета не само од перспектива на Ватикан, туку има и политички предзнак во врска со случајот.

-Ова е прва посета на папата Франциск на нашата земја. Во време на изборите и неодамнешната промена на името, со што се разрешија некои конфликти. Остануваат уште некои прашања што треба да бидат решени, вели новинарката Харис.

Во однос на атмосферата во центарот нагласува дека во секој прес центар, каде и да оди во светот, за ваква значајна посета, има лудост.

-За нас многу се важни лицата за врски, ни покажуваат каде е кафето, каде има интернет и со тоа ние сме задоволи, вели Харис.

Новинарката Софија Пападопулу од атинската АНА-МПА смета дека посетата на папата Франциск е во време кога Северна Македонија се движи по патот на европската интеграција.

Досегашната порака, вели таа, е важна бидејќи мултиетничкиот и мултирелигискиот карактер на земјата може да биде модел за другите места во регионот и во исто време.

-Доаѓа по Преспанскиот договор и по решавањето на проблемот со Грција и Северна Македонија и тука има порака, оцени новинарката од Атина.

Според неа, очекуван е огромен меѓународен интерес на медиумите кога е во прашање посета на папата.

-Добро е што во земја каде има само еден процент католици, има големо покривање од медиумите, вели Пападопулу

За Фани Кариси, од порталот grtimes од Солун, ова е историска посета не само за Северна Македонија, туку и за целиот Балкан.

-Многу е интересно, од политичка гледна точка, за нашите две земји, кои имаат многу подобри односи од изминатите години. Се надевам дека Северна Македонија ќе има подобри резултати во економијата, рече Кариси.

Оваа посета има регионално значење, оцени Ивана Секуларац од Ројтерс Балкан.

-Посетата на папата Франциск е многу важна за Северна Македонија, бидејќи може да се каже дека е втор човек во светот по значење, по Трамп, и во таа смисла е историска. Доаѓа во момент кога Македонија воспостави добри односи со соседите, ги поправи односите со Грција и со Бугарија, со добри односи со соседите од поранешна Југославија. Оваа посета на некој начин е рефлектирање на стотина, изјавува таа.

Оваа слика од Скопје, истакна, ќе ја види целиот свет и целиот свет ќе слушне за Скопје.

-Папата во Скопје не зборува само за улогата на Северна Македонија, туку и за улогата на сите шест земји од Западен Балкан. Во таа смисла, оваа посета има регионална важност, изјави колешката од Ројтерс Балкан.

Во прес-центарот, за новинартите, истакна, најважен е интернетот, што тука одлично функционира и колегите од ТВ имаа добар сигнал. Има многу кафе и вода. Целосно сме задоволни, изјави Ивана Секуларац.

Треба да знаете
Последни објави