Стружанец нападнал полицаец кој го сопрел заради сообраќаен прекршок, вчера во Струга, информираше МВР.
-На 06.05.2019 година околу 16 часот на улица Пролетерски Бригади, О.М.(49) од село Лабуништа, кој управувал автомобил „ауди А6“, агресивно се однесувал и удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија. О.М. бил приведен во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.