Техеран: Разместувањето нови војници од САД на Блискиот Исток е акт на психолошка војна

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Иран, Кејван Косрави, изјави дека претходните изјави на американските официјални претставници во врска со распоредувањето на групата за напади и на оперативната група за бомбардирање на Блискиот Исток е неумешна употреба на излитен настан за водење психолошка војна против Иран .

Изјавата од Исламската Република доаѓа откако американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во неделата изјави дека Вашингтон ги распоредува групата за напади и бомбашката единица од УСС Абрахам Линколн во близина на границите на Иран, опишувајќи ги како непопустлива сила која ќе одговори на секој напад на американските интереси.

Овој потег на американската војска доаѓа во услови на ново влошување на односите меѓу двете земји. Претходно во април, САД официјално ја означи иранската Исламската Револуционерна Гарда, дел од иранските вооружени сили, како терористичка организација. Како одговор на тоа, Техеран ја осначи целата американска војска како терористичка.

Треба да знаете
Последни објави