Турчинот што ја предизвика сообраќајката во која загина Шаулиќ ослободен од притвор

Турчинот Алсин Левент (35) кој е обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ е пуштен да се брани од слобода, единаесет недели по фаталниот судир во германскиот град Билефилд. Во несреќата загина клавијатуристот Мирсад Kериќ, а кумот на Шабан беше тешко повреден.

На барање на јавниот обвинител, возачот на „Мазда” беше притворен поради можноста за бегство. Според локалните медиуми, ризикот бил во фактот дека Левент нема постојано место на живеење, бидејќи тогаш раскинувал со девојката со која живеел.

Сепак, Турчинот во петокот на судот дал домашна адреса, па судиите оцениле дека нема опасност од бегство. Медиумите објавија дека адвокатот на Левент не сакал да каже во кој град живее неговиот клиент поради смртни закани на социјалните мрежи од фановите на Шаулиќ, кои фотографијата на Турчинот со неговотот име и презиме.

Според обвинението, кога ка предизвикал сообраќајката Левант бил под дејство на алкохол и дрога, а возел без дозвола.

Треба да знаете
Последни објави