Форумот за демократска Македонија (ФДМ), натпартиска организација на иселеници од Македонија, изразува задоволство од организацијата на фер и демократски претседателски избори во земјата и го честита изборот на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски.
,,Овие избори покажаа дека мнозинството од гласачите го избраа и потврдија патот кон иднината кој го трасираше Владата и нивниот кандидат. Истовремено, тие упатија сериозно предупредување за потребата од итни и неодложни промени во начинот на владеењето на актуелната владина коалиција.ФДМ очекува Стево Пендаровски, да биде претседател на сите граѓани, да работи на обединување и заедништво на граѓаните, но и да биде поттикнувач и коректор на владата во остварување на сите реформи кои таа ги вети пред и за време на изборитe”, се наведува во соопштението.