(Фото галерија) Верниците задоволни, плоштадот полупразен

Скопскиот плоштад денеска беше свет во мало благодарение на папата Франциск кого освен верници од регионов дојдоа да го видат и верници од Африка, Америка и Азија. Пред, за време и по литургијата на папата атмосферата беше единствена, верниците и љубопитните посетители беа задоволни и среќни од тоа што го видоа и почуствуваа иако неколку часови го чекаа доаѓањето на папата.

Папата секогаш повикува на обединување, па верници од Грција и Албанија ги развиорија своите знамиња меѓу присутните посетители, како што тоа го правеа Хрватите, Словенците, Босанците и другите странци кои дојдоа во Скопје.

Заедно со македонските политичари беаше и поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор. Иако се помина во најдобар ред, останува впечатокот дека скопјани не беа премногу заинтересирани за посетата на Франциск, па голем дел од плоштадот остана празен.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави