ФОТО: Заев и Иванов го испратија папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја заврши историската посета на Република Северна Македонија. Папата беше испратен од претседателот Иванов и премиерот Заев, заедно со државниот врв на аеродромот во Скопје.

Посетата на папата Франциск, се оценува како историски чин, а се реализира во исклучително важен период за земјава, кога исчекорува по патот на европските и евроатлантските интеграции, ја зацврствува внатрешната кохезија и носи пораки за помирување и солидарност.

Треба да знаете
Последни објави