СВР Битола заедно со институциите и организациите со кои традиционално соработува, свечено го одбележаа 7 Мај, Денот на македонската полиција.
Учесниците на денешната свеченост беа потсетени на историјатот и поводот за востановување на овој празник на македонската полиција кој се врзува со Смилевскиот Конгрес од 1903 година и тогашните селски чети кои во Смилево го обезбедувале одржувањето на конгресот на кој била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание.
Според востановената традиција, делегации на СВР Битола и институциите со кои соработува положија цвеќе пред спомениците на загинатите припадници на полициски сили во дворот на СВР Битола и споменикот „Ангел”. За најмладите битолчани беше овозможена посета на возниот парк на полицијата и разгледување на дел од полициската опрема, а активностите завршија со донација во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.