Српскиот претседател, Александар Вучиќ го објави доаѓањето на голема германска инвестиција во Србија. Станува збор за компанијата MTU AERO ENGINES, водечки германски производител на авионски мотори.
Вучиќ по потпишувањето на Меморандумот за Разбирање на Министерството за економија и на Компанијата MTU AG, истакна дека Србија ја доби најсовремената компанија во авио-индустријата и дека една третина од сите авиони во светот имаат делови произведени во компанијата.
-Ова е голем проект од огромно значење за нас, кој значи нов, високо-технолошки живот на Србија, рече Вучиќ.
Тој најави дека договорот треба да биде потпишан во јуни. Исто така, додаде, во првата фаза треба да бидат вработени 450 лица, а подоцна и многу повеќе.
Компанијата е присутна во 15 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Холандија, Полска, САД, Канада …Меѓу другото, се занимава со дизајнирање, развој, производство и поддршка за мотори за комерцијални и воени авиони.
MTU има водечка улога во обезбедувањето на одржување и сервис за V2500, мотор кој се наоѓа во авионите “Ербас А 320”.