Една од четирите жени заложнички во барот-продавница за тутун и цигари во близината на Тулуз е ослободена, јавува дописникот на МИА.
Во барот остануваат уште три жени, меѓу кои сопственичката на барот и напаѓачот.
Напаѓачот кој и е познат на полицијата за кривични дела, бил уапсен на 15 февруари во рамките на движењето на „жолтите елеци”. Тој според француските медиуми истакнал дека бил „вооружена рака на жолтите елеци”.
Во меѓувреме во Тулуз пристигнаа специјалните сили на полицијата од Париз.