Таткото на Меган Маркл: „Бог да го благослови нивното дете!“

Таткото на Меган Маркл (37), Томас Маркл (74), се појави во јавноста и изрази задоволство што станал дедо. Тој е среќен што неговата ќерка родила здраво дете.

„Бог да го благослови нивното дете. Сигурен сум дека ќе порасне за достоинствено и чесно да ѝ служи на круната и на британскиот народ”, рече Томас, со кого војвотката од Сасекс не беше во добри односи.

„Среќен сум што породувањето помина во најдобар ред и што мојата ќерка и нејзиниот син се добро”, додаде кралскиот дедо. Томас е исклучително горд што неговото внуче е родено во „кралско семејство”.

– Честитки за нив од срце. Бог да ја чува кралицата!“ рече Маркл.

Треба да знаете
Последни објави