Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор присуствуваше на мисата на папата Франциск на Плоштад Македонија во Скопје. Таа седеше во делот наменет за премиерот Зоран Заев и владината делегација.
Во Скопје со автобуси пристигнаа околу илјада верници од Хрватска, организирани од Католичката црква, за да присуствуваат на мисата на папата.
Јадранка Косор беше премиерка на Хрватска од 2009 до 2011 година.