Двајца сопатници биле тешко повредени кога автомобилот во кој се возеле, а го управувал тинејџер, излетал од пат и се превртел, вчера во радовишката општина Конче.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 1 часот по полноќ на локалниот пат од село Долни Липовиќ кон село Горни Липовиќ, општина Конче, кај месноста Скокот.
Автомобил „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.П (19) од селото Ракитец, општина Конче, излетал од патот.
Во сообраќајката со тешки повреди се здобил еден од двајцата сопатници во возилото, кој бил пренесен во Клиничка болница „8-ми Септември Скопје“.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.