Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа ја крена Будва на нозе одржувајќи мини концерт. Како што известуваат медиумите, тој напрво ја испеал познатата песна „Миљачка”, за потоа да ги запее и хитовите на „Плави оркестар“ – ,,Подобро е да се биде пијан отколку стар” и ,,Верувај во љубовта” на Оливер Драгоевиќ.
Дачиќ во Будва ја предводи српската делегација во четвртиот форум за стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот макрорегион (ЕУСАИР).
како што пренесувата медиумите гости уживале во мини шоу на Дачиќ, а во еден момент почнале да пеат со него.